Битола подготвена за фестивалот „Браќа Манаки“

12.09.2014 15:54

Битола е подготвена за почетокот на 35-то издание на ИИФК „Брака Манаки“. Од пред дестина дена се продадени сите влезници за утрешното свечено отварање на кое ќе присуствуваа тројацата оскаровци- добитници на престижните награди. Годинешна ѕвезда на фестивалот е актерката Жилиет Бонош која попладнево ќе пристигне на „Широк Сокак“...

Интернационалниот филмски фестивал „Брака Манаки“ го фаќа чекорот на светските филмски фестивали. За прв пат од своето постоење по црвениот тепех ќе поминат тројца оскаровци. На кинематограферот Крис Менџис кој веќе е во Битола од попладнето друштво ќе му преват актерската дива Жилиет Бинош и директорот на фотографија Лука Бигаци. Посебно внимание предизвикува доагањето на познатата актерка која вечерва се очекува да прошета по „Широк Сокак“. Организаторот вели дека немала никакви посебни барања. Единствена желба и била да посети што повеќе културни занаменитости во Македонија.

„Жулиет во Битола останува до недела, заминува по закажаниот прес. Времето е многу кратко а списокот на места кој сака да ги посети е навистина долг. Не знам како ќе стигнеме“, вели директорката на ИФФК „Брака Манаки“, Лабина Митевска.

Општината е подготвена за фествалскиот спектакал кој ја промовира земјава на познатите светски филмаџии.

„Мислам годинава е кулминацијата затоа што од пред десетина дена продадени се сите влезници за свеченото отварање“, рече градоначалникот Владимир Талески.

 На седумте фестивалски вечери ке бидат прикажани 76 филмски остварува од сите категори мегу кои двата домашните филмови До Балчак и Децата на сонцето.

Стевче Митревски