Пад на бројот на заболени од грип, над 1.100 случаи во последната недела
Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години, а најмногу заболени има во Скопје – 669 случаи, Струмица-81, Прилеп – 61 и Тетово-50 согласно податоците, во земјава вирусот на грип е со среден интензитет.

Продолжува трендот на намалување на бројот на заболени од грип. последната недела пријавени се 1.113 случаи или 3,2 проценти помалку од претходната.
Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години, а најмногу заболени има во Скопје – 669 случаи, Струмица-81, Прилеп – 61 и Тетово-50 согласно податоците, во земјава вирусот на грип е со среден интензитет.
Сезонава вкупниот број на пријавени е речиси 15 илјади заболени, а регистрирани се и четири смртни случаи кај кои грипот предизвикал компликации.
