Шестмина кандидати за член на Судскиот совет
Во Комисијата за прашања на изборите и именувањата јавна расправа за претставување на кандидатите за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието. На огласот се пријавија десет кандидати, а работната група утврди дека само шестмина ги исполнуваат предвидените услови...

Нотари, адвокати, новинари, поранешни судии. Различен стручен профил – но иста амбиција, преку реформа на Советот да се зголеми довербата во судството. Поранешниот гостиварски судија Сабедин Даути најави поголема транспарентност, а за градење на доверба во правосудството се залага и екс-новинарот Феузи Џафери.
Во фокусот на адвокатот Арбер Исаку е зацврстувањето на интегритетот на највисокото судско тело.
Поранешниот судија за малолетници Сејфула Османи рече дека си заминал од функцијата затоа што не сакал да потпадне под влијание. Верува дека довербата во судството треба да тргне од Советот.
Судиската функција ја напуштил и кандидатот Фадил Џелал за кого имало претставка, но како што рече сам одлучил да си замине.
На конкурсот пристигнаа 10 кандидатури, но во трката за член на Судскиот совет избран од Собранието влегоа шестмина.
Анита Димитријевска – Велковска
