„Спортски Бон-Тон“ за интегрирање на младите во спортот
Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов денеска во Охрид им даде поддршка на децата кои учествуваа во традиционалните спортски игри „Спортски Бон-Тон“. Се работи за проект чија цел е интегрирање на децата од школска возраст во системот на спортување. Дружење, играње и нивно запознавање со традициите, културите и обичаите.

Проектот „Спортски Бон-Тон“ ги запознава децата со игрите и креациите на нивните родители, со спецификите на регионот од каде што потекнуваат. Тоа е еден вид учење, другарување, меѓусебно запознавање, но и учење за карактеристиките на градовите што ги посетуваат. Претседателот Ѓорге Иванов со силна поддршка за децата кои што учествуваат во проектот.
„Спортувајќи учат какви се правилата во спортот и какви се правилата во животот, како се успева во животот и што секој од нив треба да поседува за да стигне до некоја цел. И дека секогаш треба да се почитува противникот и да се почитуваат правилата на игра“, рече Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија.
Со заедничко дружење низ спортските активности, проектот треба да придонесе за надминување на разликите на релација село-град,по национална, религиска и социјална основа.
„Традицијата е таа која ќе не одржува во тој глобален свет и ќе не распознава и дели од другите“, рече Иван Анастасовски, координатор на проектот.
„Имајќи предвид дека се повеќе од новите генерации остануваат дома пред компјутер или таблет, а се помалку одат надвор и се социјализираат би сакал тоа да се промени“, рече Александар Николоски, пратеник.
„Спортскиот Бон-Тон“ испраќа порака за почитување на вредностите кои што ќе го потенцираат развојот на спорскиот дух, физичкото и менталното здравје,кои се основа за создавање една млада здрава личност.
Сашо Нелоски
