кабинет

Сиљановска-Давкова утре ќе биде домаќин на албанскиот колега Бегај

26.02.2026 17:49

Албанскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и албанската делегација.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе биде домаќин на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој ќе престојува во официјална посета на земјава, соопштија од Кабинетот на македонската претседателка.

Албанскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и албанската делегација.

Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република Албанија ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Албанскиот претседател денеска има средба со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Ќе ја посети и Старата скопска чаршија.