Николоски најави нови експресни патишта кон Бугарија и во југоистокот
Како што посочи, предвидена е изградба на експресен пат од Кочани до границата со Бугарија, од Радовиш до Струмица, како и поврзување на Коридор 10 со Коридор Струма преку експресен пат од Смоквица, преку Струмица, до бугарската граница.

Владата планира изградба на нови експресни патишта за подобро регионално поврзување, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Како што посочи, предвидена е изградба на експресен пат од Кочани до границата со Бугарија, од Радовиш до Струмица, како и поврзување на Коридор 10 со Коридор Струма преку експресен пат од Смоквица, преку Струмица, до бугарската граница.
Во соработка со Европската Унија ќе се реализира и делницата од Куманово до Страцин, со што ќе се заокружи поврзувањето со веќе изградената траса од Страцин до Крива Паланка.
Николоски најави дека новите експресни патишта ќе се градат по изменети стандарди – со две плус две ленти и еластична ограда на средината, по примерот на автопатот Тетово – Гостивар.
Во однос на автопатите на Коридор 8 и Коридорот 10-д, тој истакна дека изградбата се одвива со предвидената динамика и дека проектите ќе бидат реализирани во планираните рокови.
