Охридскиот аеродром ќе се реконструира
Николоски најави и можност за воспоставување директна авионска линија со Саудиска Арабија, по потпишување на билатерален договор што е во фаза на преговори.

Следната недела започнува реконструкција на аеродромот „Аеродром Свети Апостол Павле“ во Охрид, прва од неговата изградба, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој информира дека аеродромот е легализиран, процес што, како што посочи, бил сложен бидејќи објектот досега не бил формално впишан во документацијата. По завршување на постапката, следува реконструкција која, според него, треба да донесе зголемен број летови и патници, со фокус на развој на туризмот во Охрид, додека бизнис-сообраќајот ќе остане насочен кон Скопје.
Николоски најави и можност за воспоставување директна авионска линија со Саудиска Арабија, по потпишување на билатерален договор што е во фаза на преговори. Тој оцени дека во изминатата година и половина авиосообраќајот бележи значителен раст, со 23 нови дестинации од домашните аеродроми.
