Кривична против поранешен градоначалник на Кичево, буџетот оштетен за над 1,4 милиони денари
Против Ф.Д. (52) од селото Србица е поднесена пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Б.К. (46) од селото Аранѓел за „несовесно работење во службата“, а против Д.С. (41) од селото Длапкин Дол за „злоупотреба на постапката за јавен повик и доделување договор за јавна набавка“. Пријавено е и правно лице со седиште во Длапкин Дол.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Кичево, две службени лица и едно правно лице, поради сомнение за злоупотреби и несовесно работење со што бил оштетен буџетот на општината за 1.457.205 денари.
Против Ф.Д. (52) од селото Србица е поднесена пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Б.К. (46) од селото Аранѓел за „несовесно работење во службата“, а против Д.С. (41) од селото Длапкин Дол за „злоупотреба на постапката за јавен повик и доделување договор за јавна набавка“. Пријавено е и правно лице со седиште во Длапкин Дол.
Според полицијата, на 8 јануари 2025 година, тогашниот градоначалник донел план за јавни набавки за 2025 година спротивно на Законот за комунални дејности, иако општината имала јавно комунално претпријатие. Наместо тоа, комуналните дејности ги доверил на пријавеното правно лице.
Второпријавениот, како одговорно лице за одржување на зелени површини, пропуштил должен надзор, додека третопријавениот како управител на фирмата ги повредил прописите за јавен повик.
Со ваквите дејствија, средствата исплатени за одржување на зеленилото околу зградата на општината изнесуваат 1.457.205 денари, на штета на буџетот на Општина Кичево.
