Четворица возачи лишени од слобода, малолетник затекнат зад волан без дозвола
Како што информира МВР, двајца возачи биле приведени за возење под дејство на алкохол, еден за управување со активна забрана за Б категорија, а еден за возење без возачка дозвола.

Во текот на вчерашниот ден, полицијата лишила од слобода четири возачи на територијата на државата поради тешки сообраќајни прекршоци, додека со еден малолетник е извршен службен разговор за управување возило без дозвола.
Како што информира МВР, двајца возачи биле приведени за возење под дејство на алкохол, еден за управување со активна забрана за Б категорија, а еден за возење без возачка дозвола.
Во Кавадарци бил затекнат возач без дозвола, додека во Струга малолетник управувал возило без положен возачки испит. Во Велес возач управувал и покрај изречена забрана, а во општина Старо Нагоричане и Гевгелија биле евидентирани случаи на возење под дејство на алкохол, при што во Гевгелија била предизвикана и сообраќајна незгода.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да не управуваат возило без дозвола, со изречена забрана или под дејство на алкохол.
