Струмица

Сеќавање и почит кон делото на претседателот Трајковски

26.02.2026 17:39

Струмичани денеска со полагање свежо цвеќе на споменикот Македонија, подигнат во чест на претседателот Борис Трајковски ја одбележаа 22-годишнината од неговата смрт во авионската несреќа кај Ротимље во Босна. Одбележување имаше и на гробиштата Бутел, во Скопје...

Делото и визијата на Борис Трајковски се светол пример за државничка одговорност. Неговата принципиелност и непоколеблива верба во заедништвото се пример што нè потсетува какви вредности треба да негуваме и како лидери, и како граѓани. Вака денеска кажа градоначалникот на Струмица на одбележувањето на 22 годишнината од смртта на Борис Трајковски.

Струмичани со гордост се сеќаваат на Трајковски. Дел од нив деновиве тргнаа пеш од Струмица за Скопје бидејќи бил претседателот за кого семејството и државата биле светост.

Планинарите од Струмица денес се поклонија на вечното почивалиште на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски на гробиштата Бутел во Скопје. Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, членови на политички партии и семејства оддадоа почит на трагично загубените животи во авионската несреќа пред 22 години во Босна и Херцеговина, кога загина и тогашниот претседател Борис Трајковски.

Ване Трајков