Полемики во Собранието за „случајот Груби“
Пратенички прашања со жестока расправа за постапката против поранешниот вицепремиер Артан Груби. Претседателот на Собранието Африм Гаши зборуваше за перцепцијата во јавноста, додека премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата за политички договор. На седницата беа отворени и теми за шверцуваната марихуана и застојот во евроинтеграциите.

Претседателот на собранието Африм Гаши истакна дека нема информации дека станува збор за политичка одлука, но се согласува дека „случајот Груби“, предизвикува таква перцепција во јавноста, како и лошо чувство кај граѓаните.
Гаши порача дека е време сите да бидеме свесни-државата нема време за губење за воспоставување на владеење на правото.
Темата за поранешниот прв вицепремиер на пратеничките прашања ја отвори пратеникот од владејачкото мнозинство Љупчо Пренџов. Го праша премиерот зошто Груби бил прво приведен, па потоа му била одредена мерка куќен притвор? Дали станува збор за политички договор?!
Мицкоски одговори дека искуството на опозицијата со нарачани пресуди, конструирани процеси и лаги ги наведува да мислат дека ништо не се сменило. Тој рече дека нема логика да прави договор со тие кои го посакуваат неговиот политички крај, а за судбината на Груби ќе одлучува независната судска власт.
Претседателот на СДСМ, Филипче ги спомена петте тони прошверцувана марихуана од Македонија во Србија и посочи на немање напредок во евроинтегративниот процес. Премиерот Мицкоски со став дека СДСМ ќе остане запаметена како меко ткиво на националниот идентитет.
Економија, енергетиката како и високото образование беа дел од интересот на опозицијата на денот резервиран за пратенички прашања.
Марина Стојанова-Тонева
