Регион

Седум уапсени во операцијата Армагедон во Србија, споделувале детска порнографија

26.02.2026 19:17

Според истрагата, тие подолг период преку „Darkweb“ разменувале материјали со сексуална злоупотреба на малолетници од 4 до 14 години...

Српската полиција во координирана акција „Армагедон“, уапси седум лица осомничени за детска порнографија и експлоатација. Според истрагата, тие подолг период преку „Darkweb“ разменувале материјали со сексуална злоупотреба на малолетници од 4 до 14 години.

При претресите се пронајдени електронски уреди со големи количини фотографии и видеа со злоупотреба на деца. Осомничените се задржани до 48 часа и ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство.