Министерот Муцунски домаќин на шефот на хрватската дипломатија Радман
Во рамките на посетата, двајцата министри ќе разменат мислења за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за напредокот на Македонија во процесот на европска интеграција, со акцент на можностите за искористување на хрватското искуство од пристапувањето во ЕУ...

Министерот за надворешни Муцунски денеска е домаќин на шефот на хрватската дипломатија Радман. Во рамките на посетата, двајцата министри ќе разменат мислења за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за напредокот на Македонија во процесот на европска интеграција, со акцент на можностите за искористување на хрватското искуство од пристапувањето во ЕУ.
На агендата ќе се најдат и теми поврзани со соработката во рамките на НАТО, регионалната стабилност и актуелните меѓународни предизвици.
