мнр

Средба Муцунски-Радман

26.02.2026 19:38

„Според нашето искуство, знаење и уверување, Македонија е подготвена и се надеваме дека многу скоро ќе се создадат услови за почеток на преговорите за што имате наша искрена поддршка“ – порака од хрватскиот шеф на дипломатијата Гордан Грлиќ Радман. Министерот Муцунски вели дека билатералните прашања треба да бидат надвор од процесот...

Двајцата министри за надворешни работи на Македонија и Хрватска разговарале за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската унија, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски истакна со Хрватска имаме одлични билатерални односи во областа на безбедноста, одбраната, трговијата. Муцунски се осврна и на пречките коишто Бугарија ги прави на патот на отворање на пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ.

Хрватскиот министер за надворешни Радман посочи дека со Македонија имаат одлични односи без отворени прашања кои се базираат на вредности и принципи и на взамено почитување. Хрватска силно ја поддржува земјава на патот кон евроинтеграциите.

Во фокусот на разговорите на двајцата министри и подготовките за склучување на стратешко партнерство меѓу двете земји, како и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.

 

Игор Панов