Блиски исток

Ескалираа судирите меѓу Авганистан и Пакистан

27.02.2026 08:12

Авганистанската војска изврши одмазднички напади и зазеде десетина гранични пунктови, по пакистанските воздушни удари во кои загинаа најмалку 18 лица.

Судирите меѓу Кабул и Исламабад ескалираа. Авганистанската војска изврши одмазднички напади и зазеде десетина гранични пунктови, по пакистанските воздушни удари во кои загинаа најмалку 18 лица.

„Како одговор на неодамнешните воздушни напади извршени од пакистанските сили, граничните и пешадиските единици почнаа интензивни напади врз позициите на пакистанската милиција во различни области во близина на таканаречената линија Дуранд во провинциите Кунар и Нангархар“, изјави Маулви Вахидула Мохамади, портпарол на 201-от корпус „Калид бин Валид“.

Пакистан возврати со контранапади врз Кабул и Кандахар. Премиерот тврди дека земјата има „целосен капацитет да ги уништи агресивните амбиции“.

Двете страни се обвинуваат меѓусебно за почетокот на нападите.