Продолжуваат мировните преговори меѓу Русија и Украина
Зеленски најави дека следните преговори ќе се одржат во Абу Даби на почетокот на март, надевајќи се на лидерска средба што може да донесе значајни одлуки.

Во Женева завршија преговорите меѓу Киев и Вашингтон. Се финализираат безбедносни и економски параметри за претстојниот трилатерален состанок со САД и Русија. Зеленски најави дека следните преговори ќе се одржат во Абу Даби на почетокот на март, надевајќи се на лидерска средба што може да донесе значајни одлуки.
„Мора да финализираме сè што е постигнато за да обезбедиме вистински безбедносни гаранции и да подготвиме состанок на ниво на лидери. Овој формат може да реши многу прашања. На крајот, лидерите одлучуваат за клучните прашања. Војната мора да се заврши. За жал, сите гледаат дека Русија нема подготвеност за мир и нема знаци дека Путин ја запира својата воена машина. Светот мора да биде подготвен да изврши притисок врз Русија за да се промени ова“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
И рускиот преговарач Дмитриев се сретнал американската делегација во Женева, но не откри детали. Русија и Белорусија најавија заеднички одговор на „новите закани од Западот“, додека преговорите остануваат заглавени околу териториите.
