Иран-САД: Напредок во разговорите, но без договор
Техеран потврди дека освен елементи на договорот, се отворило и прашањето за укинување на санкциите-барање кое Иран го постави до Вашингтон во замена за ограничување на нуклеарната програма.

Нуклеарните разговори меѓу САД и Иран во Женева завршија без договор, но со значаен напредок, оцени оманскиот медијатор Албусаиди. Ќе продолжат на техничко ниво в понеделник во седиштето на МААЕ во Виена. Техеран потврди дека освен елементи на договорот, се отворило и прашањето за укинување на санкциите-барање кое Иран го постави до Вашингтон во замена за ограничување на нуклеарната програма.
„Постигнавме добар напредок по неколку часа интензивни преговори. Започнавме сериозни дискусии за елементите на договорот, како во областа на нуклеарните прашања, така и во областа на укинувањето на санкциите. Се согласивме в понеделник техничките тимови да почнат со работа во МААЕ во Виена“, изјави Абас Арагчи, 0 министер за надворешни работи на Иран.
САД инсистираат Иран да не поседува нуклеарно оружје додека Техеран тврди дека земјата има право на мирна нуклеарна енергија и одбива целосен прекин на збогатувањето ураниум и изнесувањето залихи од земјата.
