Бил Клинтон пред Конгресот за случајот Епстин
Неговата сопруга и поранешна државна секретарка на САД Хилари, го заврши сведочењето по повеќе од шест часа испрашување. Таа тврди дека никогаш не го запознала Епстин.

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон денеска сведочи пред Конгресот по објавените документи поврзани со Џефри Епстин откако неговата сопруга и поранешна државна секретарка на САД Хилари, го заврши сведочењето по повеќе од шест часа испрашување. Таа тврди дека никогаш не го запознала Епстин.
„Одговорив на секое од нивните прашања колку што можев поцелосно. Никогаш не го запознав Џефри Епстин, никогаш немав никаква врска или комуникација со него. Никогаш не бев во неговите домови, на неговиот остров или канцеларии. Ја познавав Гислен Максвел случајно како познаник. Разочарувачки беше што одбија да одржат јавно сослушување за да не морам да бидам тука и да ви го објаснувам тоа“, изјави Хилари Клинтон, поранешна државна секретарка на САД.
Видеоматеријалите од сведочењето ќе бидат објавени во наредните денови.
