Претседателката Сиљановска - Давкова со највисоки почести ќе го пречека албанскиот претседател Бегај
Како што соопштија од претседателскиот кабинет по пречекот ќе следува тет-а-тет средба, а потоа пленарен состанок на македонската и албанската делегација.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести денеска ќе го пречека претседателот на Албанија Бајрам Бегај.
Како што соопштија од претседателскиот кабинет, по пречекот ќе следува тет-а-тет средба, а потоа пленарен состанок на македонската и албанската делегација.
Претседателите Сиљановска-Давкова и Бегај ќе имаат заедничка прес-конференција.
Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република Албанија ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје-соопштија од претседателскиот кабинет.
Во рамки на официјалната посета, албанскиот претседател ќе има средба со претседателот на Собранието Африм Гаши, а по потпишувањето во книгата на впечатоци, тој ќе се обрати пред пратениците.
