УХМР

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

27.02.2026 09:05

Утрово најниска температура од минус 6 степени е измерена во Берово, а најтопло во Гевгелија со 3 степени...

Утрово најниска температура од минус 6 степени е измерена во Берово, додека минус 4 степени се регистрирани во Крива Паланка. Минус 3 степени се измерени во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Демир Капија, Маврови Анови и на Попова Шапка.

Минимална температура од-2 степени е регистрирана во Тетово, Куманово, Велес и Штип, додека минус 1 степен е измерен на Скопје-Зајчев Рид, во Охрид, Претор, Кавадарци, Струмица и Крушево. Нула степени се измерени во Виница, а најтопло во Гевгелија со 3 степени.

Снежна покривка има на Попова Шапка, каде што се измерени 86 сантиметри снег.