Пакистан изврши воздушни напади врз Кабул
Пакистан изврши воздушни напади врз Кабул, неколку часа откако авганистанската војска изврши одмазднички удари и зазеде десетина гранични пунктови. Претставници на ОН повикаа на итна деескалација на борбите, на преговори повика и кина, додека Иран понуди да посредува за завршување на конфликтот.

Борбите меѓу Авганистан и Пакистан повторно ескалира, доведувајќи до смртоносни судири долж границата. По месеци тензии и спорадични напади, Исламабад објави „отворена војна“ против талибанците, нагласувајќи дека трпението на Пакистан истекло. Експлозии одекнаа во Кабул, Кандахар и други градови. 0. Погоден и бегалски камп. Премиерот Шехбаз Шариф тврди дека земјата има целосен капацитет да ги уништи агресивните амбиции.
„Околу 3 часот наутро, девет ранети лица беа донесени во Регионалната специјализирана болница во Нангархар. Еден од нив е во критична состојба“, изјави Аминулах Шариф – директор на Јавното здравство во Нангархар.
„Пакистанските сили испукаа минофрлачки гранати, а тој и една од неговите ќерки беа повредени во нападот“, изјави Самиулах – член на семејството на повредениот.
„Овие угнетувачи нè нападнаа. Кој беше нашиот злостор? Тукушто пристигнавме исцрпени и истрошени, не ни дозволија да останеме во Пакистан, а сега не напаѓаат. Што треба да правиме?“, изјави Шир Заман – член на семејството на повредениот.
Нападите од Пакистан доаѓаат неколку часа откако авганистанската војска изврши одмазднички удари и зазеде десетина гранични пунктови, како одговор на неодамнешните пакистански напади во кои загинаа најмалку 18 лица. Талибанците тврдат дека убиле 50 пакистански војници.
„Како одговор на неодамнешните воздушни напади извршени од пакистанските сили, граничните и пешадиските единици почнаа интензивни напади врз позициите на пакистанската милиција во различни области во близина на таканаречената линија Дуранд во провинциите Кунар и Нангархар“, изјави Маулви Вахидула Мохамади – портпарол на 201-от корпус „Калид бин Валид“.
И двете страни се обвинуваат меѓусебно за почетокот на нападите. Претставници на ОН повикаа на итна деескалација на борбите, на дијалог и преговори повика и Кина, додека Иран понуди да посредува за завршување на конфликтот.
„Како сосед и пријател, Кина е длабоко загрижена поради ескалацијата и е тажна поради жртвите предизвикани од конфликтот. Секоја ескалација ќе нанесе штета и загуби на двете страни. Прекинот на непријателствата е во фундаментален интерес на двете земји и народи и може да помогне во одржувањето на мирот и стабилноста во регионот“, изјави Мао Нинг-портпаролот на министерството за надворешни работи на Кина.
Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, сојузник на Пакистан на средба со пакистанскиот колега во обид за намалување на тензиите.
Бојана Крстевски
