Саем

Скопје домаќин на Саемот за образование и кариера 2026

27.02.2026 10:13

Во Скопје денеска се одржува третото издание на Саемот за образование и кариера 2026, кој обединува универзитети, академии и компании на едно место. Настанот им нуди на младите можност директно да се информираат за студиски програми, пракса и кариерни можности пред да ја изберат својата професионална иднина.

Денеска во Скопје ќе се одржи третото издание на Саемот за образование и кариера 2026, настан што ги поврзува младите, образовните институции и компаниите.

Оваа година учествуваат 12 универзитети со над 100 факултети од Македонија, академии за дигитални и современи професии, како и компании што нудат пракса, вработување и кариерен развој.

Саемот е наменет за матуранти, студенти и родители, со цел младите да добијат релевантни информации и директно да разговараат со претставници на високообразовни институции и бизнис секторот, пред да донесат одлука за својата иднина.

Програмата вклучува и панел-дискусии и работилници за кариерно советување и развој на вештини потребни на современиот пазар на труд.