ИЈЗ

Над 1.100 нови случаи на грип, најмногу заболени во Скопје

27.02.2026 11:35

Најголем дел од заболените (621) се на возраст од 15 до 64 години. Кај децата од 5 до 14 години регистрирани се 185 случаи, кај најмалите од 0 до 4 години – 164, додека 143 случаи се кај лица над 65 години. Највисока инциденца, 169,9 на 100.000 жители, е забележана кај децата до четири години.

Во периодот од 16 до 22 февруари во земјава се регистрирани 1.113 случаи на грип и заболувања слични на грип, соопшти Институт за јавно здравје. Бројот на новозаболени е намален за 3,2 отсто во однос на претходната недела.

Најголем дел од заболените (621) се на возраст од 15 до 64 години. Кај децата од 5 до 14 години регистрирани се 185 случаи, кај најмалите од 0 до 4 години – 164, додека 143 случаи се кај лица над 65 години. Највисока инциденца, 169,9 на 100.000 жители, е забележана кај децата до четири години.

Најмногу заболени се пријавени во Скопје (669), по што следуваат Струмица (81), Прилеп (61) и Тетово (50). Во повеќе градови бројот на случаи е под 30, а во десетина општини не се регистрирани заболени.

Од почетокот на сезоната 2025/2026 вкупно се евидентирани 14.984 случаи на грип и заболувања слични на грип, при што се пријавени четири смртни случаи поврзани со грип. Заклучно со минатата недела, во земјава се вакцинирани 79.118 лица.