Просечната камата на кредитите се намали на 4,73% во јануари
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јануари достигна 4,40 проценти, што е зголемување од 0,15 процентни поени на месечно ниво, но намалување од 0,30 поени споредено со истиот месец лани.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари 2026 година изнесува 4,73 проценти и бележи месечно намалување од 0,03 процентни поени, како и годишен пад од 0,48 поени, соопшти Народната банка.
Кај вкупните депозити, просечната каматна стапка изнесува 2,20 проценти, што претставува минимален месечен пад од 0,01 процентен поен, додека на годишна основа е забележан раст од 0,02 поени.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јануари достигна 4,40 проценти, што е зголемување од 0,15 процентни поени на месечно ниво, но намалување од 0,30 поени споредено со истиот месец лани.
Каматата на новопримените депозити изнесува 2,33 проценти и е намалена за 0,03 процентни поени на месечно и за 0,15 поени на годишно ниво.
Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити се намали на 4,35 проценти, што е пад од 0,03 процентни поени во однос на декември и 0,50 поени на годишна основа.
Каматата на новоодобрените кредити за компаниите изнесува 4,06 проценти, со месечно намалување од 0,11 процентни поени и годишен пад од 0,59 поени.
Од друга страна, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголеми на 2,71 процент, односно за 0,05 процентни поени на месечно ниво. Каматата на новопримените депозити кај компаниите достигна 2,04 проценти, што претставува раст од 0,28 процентни поени во однос на претходниот месец.
Каматната стапка на вкупните кредити за домаќинствата во јануари изнесува 5,11 проценти, со месечен пад од 0,04 процентни поени и годишно намалување од 0,44 поени.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата се зголеми на 4,67 проценти, што е раст од 0,29 процентни поени на месечно ниво, но е пониска за 0,09 поени споредено со јануари 2025 година.
Кај депозитите на домаќинствата, просечната каматна стапка изнесува 2,13 проценти, со минимален месечен пад од 0,01 процентен поен и годишен раст од 0,02 поени. Каматата на новопримените депозити се намали на 2,37 проценти, односно за 0,15 процентни поени на месечно и 0,09 поени на годишно ниво.
