Западните сили бараат поддршка за воената акција против Исламската држава
Американскиот државен секретар Кери во Турција бара поддршка за поширока воена акција против Исламска Држава, иако Анкара одби да ги стави на располагање своите бази за воздушни напади врз џихадистите. И францускиот претседател во Багдад лобира за воена коалиција.
„Целта е координирана помош и поддршка, акција за единство на Ирак против терористичката група“, рече Франсоа Оланд, претседател на Франција.

Планот на Обама доби поддршка од 10 арапски држави, но остро се спротивстави Русија, според која воена интервенција во Сирија без одобрение од сириската влада и Обединетите нации е чин на агресија. Од европските сојузници, Германија се исклучи од идејата за воздушни напади, а во Британија без консензус – секретарот за одбрана Хамонд отфрли учество, но премиерот Камерон сака да ја вклучи земјата во коалицијата.