МВР

Уапсена лихварка од Струмица, фатена при примање обележани 100 евра

27.02.2026 15:00

Како што информира Министерство за внатрешни работи, на 26 февруари околу 12 часот полициски службеници од СВР Струмица ја уапсиле Ј.Т.(53) од Струмица. Според пријавата, во јуни 2025 година таа му дала 2.700 евра на жител на струмичко село, а потоа побарала да ѝ врати вкупно 15.000 евра.

Педесет и тригодишна жена од Струмица е лишена од слобода под сомнение за лихварство, откако била затекната при примање обележани 100 евра како месечна камата од оштетено лице.

Како што информира Министерство за внатрешни работи, на 26 февруари околу 12 часот полициски службеници од СВР Струмица ја уапсиле Ј.Т.(53) од Струмица. Според пријавата, во јуни 2025 година таа му дала 2.700 евра на жител на струмичко село, а потоа побарала да ѝ врати вкупно 15.000 евра.

Ден претходно, оштетениот се сретнал со неа за да ѝ предаде 100 евра, сума што таа ја определила како месечна камата за основниот долг. Во моментот кога ѝ ја предал претходно обележаната банкнота, полицијата ја лишила од слобода. При преглед кај неа биле пронајдени обележаните пари, како и тетратки и листови со евиденција за дадени заеми и пресметани камати.

Со судска наредба бил извршен и претрес во нејзиниот дом, при што биле одземени пари во денари и евра, нотарски акти и дополнителна документација за позајмици. Според полицијата, утврдено е дека во повеќе наврати давала пари на лица, барајќи да ѝ вратат несразмерно повисоки износи, со што стекнувала противправна имотна корист.

Ј.Т. е задржана во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.