Стразбур

Европскиот суд пресуди во корист на затвореник од „Идризово“

27.02.2026 13:11

Затвореник физички нападнат од затворски полицаец во „Идризово“ ја доби правдата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур...

Затвореник физички нападнат од затворски полицаец во „Идризово“ ја доби правдата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Сега државата ќе треба да му плати над 11 илјади евра, откако домашните судови не успеаја да лоцираат вина за инцидентот во кој бил тепан.

Настанот се случил на трети август 2020 година пред затворската кантина. Се жалел дека е изложен на тортура, но институциите не спровеле ефективна истрага, за што се жалел оштетениот Фатим Муслиу.

Соочена со доказите, Владата доставила унилатерална декларација во која ја признала повреда на членот три од Конвенцијата за човекови права, а судот иако апликантот не бил задоволен со сумата за обесштетување го затворил предметот по ова признание.