Македонија
УХМР: Стабилно и релативно топло време наредните денови
27.02.2026 15:31
Утрата ќе бидат постудени и по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, информираат од УХМР. Утрата ќе бидат постудени и по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла.
