Добрососедство

Македонија и Албанија немаат отворени прашања, велат Сиљановска-Давкова и Бегај

27.02.2026 13:11

Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека претседателот на Албанија, Бајрам Бегај кој престојува во официјална посета на земјава.

Со високи државни и воени почести албанскиот претседател Бегај беше пречекан од претседателката Сиљановска-Давкова. Во Вила Водно, тет-а-тет средба. Евроинтеграциите во фокус.

Албанскиот претседател Бегај ќе го посети и законодавниот дом, каде ќе има средба со собранискиот спикер Гаши, а ќе се обрати и пред народните избраници.

Известува Миле Ристески