Неплатени сметки: Прво решение или известување, па исклучување
Со новото законско решение граѓаните ќе имаат повеќе права, ќе се скратат роковите за жалби кои ќе се поденсуваат во второстепената комисија. Единствено казните остануваат исти...

Без да добијат решение или известување, на граѓаните нема да бидат исклучени струјата, парното, кабловската или телефонот. Новиот предлог Закон за општа управна постапка го предвидува ова за две неплатени сметки. Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека често го имаат овој проблем и дека институциите секогаш треба најпрво да ги известат пред да донесат некаква одлука.
„Секако е потребно известување и давање толерантни рокови... Треба да опоменат, тоа им е обврска... Секогаш исклучуваат без никаква опомена, треба да опоменуваат... Има многу апарати што така можат да се расипат“, велат граѓаните кои случајно ги анкетиравме.
Со ова законско решение граѓаните ќе имаат повеќе права, ќе се скратат роковите за жалби кои ќе се поденсуваат во второстепената комисија. Единствено казните остануваат исти.
Доколку граѓаните не се задоволни од услугите од некоја од институциите може да поднесат приговор до регулаторните тела, а тие може соодветно да ја казнат установата што врши јавни услуги.
Вчера овој закон беше тема на јавна расправа пред експертската јавност. Министерот Ивановски потенцираше дека на голем дел од граѓаните им се губат документите, а со овој закон точно ќе се знае кој, дали и каде ги испратил документите.
Сите документи кои комисиите си ги препраќаат едни на други, ќе мора да бидат снимени во дигитален формат, а комуникацијата меѓу институциите ќе се спроведува по електронски пат.. Законот се подготвува заедно со експерти од Правниот факултет и Европската унија.
Викторија Тодоровска
