Финансии
Од 1-ви март плаќање онлајн со двојна верификација
27.02.2026 13:41
Покрај внесувањето на податоците на картичката, ќе се бара дополнителна потврда за трансакцијата преку официјална апликација на банката со пин, отпечаток од прст или препознавање на лице.

Од 1-ви март банкарите најавуваат побезбедни онлајн плаќања со дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на клиентот. Покрај внесувањето на податоците на картичката, ќе се бара дополнителна потврда за трансакцијата преку официјална апликација на банката со пин, отпечаток од прст или препознавање на лице.
Борис Грујоски бараше информации од Народна банка, а ги праша и граѓаните колку се информирани за новата процедура со онлајн плаќањата.
