Банкарство

Од 1 март побезбедни онлајн-плаќања

27.02.2026 17:19

Од 1-ви март банкарите најавуваат побезбедни онлајн плаќања со дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на клиентот. Покрај внесувањето на податоците на картичката, ќе се бара дополнителна потврда за трансакцијата преку официјална апликација на банката со пин, отпечаток од прст или препознавање на лице.

Од први март банките го менуваат начинот на верификација на онлајн – плаќањата за поголема безбедност. Наместо ОТП под преку СМС, трансакцијата ќе се потврдува преку мобилна апликација на банката, со пин, или со биометриски податок. Тоа треба да ја зголеми безбедноста и да ја намали шансата за измами и кражби од платежни картички.

Граѓаните се надеваат дека новината ќе значи поголема безбедност.

Од Македонската банкарска асоцијација велат дека сите корисници се известени за новините, а банките и контакт-центрите се достапни за помош на клиентите.

Двојната верификација на трансакциите е усогласување со Европската Унија каде одамна не се користат СМС кодовите.

Борис Грујоски