Над 70% од малолетниците без пречка купуваат цигари, 13,6% од нив веќе пушат
Истражување спроведено меѓу речиси 5.000 ученици на возраст од 13 до 15 години покажува загрижувачки податоци – повеќе од 70 проценти не биле спречени да купат цигари, а 13,6 проценти веќе се активни пушачи. Над половина од младите се изложени на тутунски чад дома или на јавни места, додека 87 проценти поддржуваат забрана за пушење во затворени простории.

Над 70 проценти деца на возраст од 13 до 15 години не биле спречени да купат цигари, покажа направеното истражување со кое биле опфатени речиси 5.000 ученици. 13,6 од учениците на оваа возраст пушат цигари.
Алармантен податок е и дека над половина од младите се изложени на тутунски чад во домот или на јавен простор.
87% од младите поддржуваат забрана за пушење во затворени јавни простории. Надлежните очекуваат работите да се променат со новиот закон за заштита од пушење.
3.600 луѓе умираат секоја година од тутунскиот чад, а децата свесно се изложуваат на опасност.
Наташа Јанчиќ-Менковски
