Сиљановска- Давкова: Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример
Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример, ставањето идентитетски и историски прашања на маса го комплицира процесот на пристапување – македонскиот и албанскиот претседател на средба во Скопје.

Средба на двајца пријатели кои немаат отворени прашања и разговараат за продлабочување на соработката – рекоа претседателите на Македонија и Албанија Сиљановска-Давкова и Бегај. Во фокус на разговорите евроинтеграциите. Билатерализацијата нема да биде осамен пример и членките на ЕУ треба да ја превенираат.
Внесувањето на идентитетски и историски прашања во процесот на пристапување дополнително го усложнува евроинтеграцискиот пат на земјите кои природно припаѓаат на ЕУ-рече македонската претседателка. Најпрвин да го видам предлогот за членство на земјава во ЕУ без право на глас, па потоа ќе коментирам, посочи Сиљановска-Давкова.
Коридорот 8 е нова ера на регионална соработка и важен фактор за идната европска безбедност. ЕУ интеграцијата е стратешка цел за двете држави, истакна албанскиот претседател Бегај.
Двајцата претседатели разговарале и за малцинствата. И додека Бегај вели, го цениме секој напор на мултиетничност преку Охридскиот договор, Давкова посочи дека за отворање на бегалски кампови во реонот на Пустец, сепак треба да биде консултирано и месното население.
Бегај се осврна и на улогата на Албанците во Македонија, нагласувајќи ја важноста од почитување на Охридскиот рамковен договор, како и на правата на Македонците во Албанија, што, според него, претставува силен мост на пријателство меѓу двете земји.
Миле А. Ристески
