проект

Македонија дел од спортските игри за млади во Европа

27.02.2026 17:52

Со ова се отвора можност за учениците од земјава, да се натпреваруваат во 10 спортски дисциплини и да ја претстават Македонија надвор од своите граници...

Македонија стана дел од најголемите спортски игри за млади во Европа на кој учествуваат над 200.000 деца годишно. Со ова се отвора можност за учениците од земјава, да се натпреваруваат во 10 спортски дисциплини и да ја претстават Македонија надвор од своите граници.

Илјадници деца за прв пат ќе облечат дрес, ќе научат што е фер-плеј. Министерот за спорт и претставниците на меѓународните организации со големи очекувања. Велат ќе се поттикне желбата за спортски дух, за другарство наместо за поделби.

Најдобрите 200 поединци и екипи од државните натпревари во Македонија ќе патуваат на завршните игри во сплит, каде што неколку дена ќе се дружат и ќе се натпреваруваат со врсниците од земјите што се вклучени во проектот.

Викторија Милевска