Изборно законодавство

Работната група за реформи во изборното законодавство откажана поради јазични бариери

27.02.2026 17:26

Партиите очекуваат ресорното министерство да подготви работна верзија на новиот Изборен законик, во кој ќе бидат вклучени сите барања на политичките партии, и потоа законот да се донесе со консензус...

Работната група за Изборниот законик, формирана од парламентарните групи и од независните пратеници не започна со работа поради јазичните бариери. Европскиот фронт побара сите материјали да бидат преведени и на албански јазик.

Партиите очекуваат ресорното министерство да подготви работна верзија на новиот Изборен законик, во кој ќе бидат вклучени сите барања на политичките партии, и потоа законот да се донесе со консензус. Левица, ЛДП и ЗНАМ се за една изборна единица со праг, отворени листи и намалување на бројот на пратениците во законодавниот дом.

СДСМ повика да се вклучат и препораките од ОБСЕ и ОДИХР.

Во ВМРО-ДПМНЕ подготвени со консензус да се стигне до решение.

Новите правила треба да се договорат до јуни, да се применуваат од следните парламентарни избори.

 

Игор Панов