МТСП
МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2025/2026 година
27.02.2026 18:27
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната 2025/2026 година.
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:
за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година; за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година; за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.
