Србија ќе ја крати администрацијата
Владата набрзо ќе излезе со план за кратење на платите и пензиите, но најавува и сериозна анализа која ќе покаже точно колку државни и локални административци ќе останат без работа во 2015-та...

Државната администрација е прекубројна, бавна и неефикасна и тоа е неприфатливо за реалниот сектор во Србија. Владата набрзо ќе излезе со план за кратење на платите и пензиите, но најавува и сериозна анализа која ќе покаже точно колку државни и локални административци ќе останат без работа во 2015-та. Граѓаните се свесни дека отпуштањата се неминовни, но се загрижени за судбините на прекубројните.
„Што се мора, ќе биде направено.“
„Луѓето ќе останат на улица. Каде после ќе ги вработиме тие луѓе.“
„Ќе останат без работа, луѓето имаат долгови и се на тие работните места по 3 па и 4 години”, велат анкетираните српски граѓани.
На удар е и општинската администрација.
„Сигурно барем половина се вработиле преку партиски врски. Да бидеме јасни на сите нив им треба работа. Но на некој му треба само за да се прехрани, а некој ја добил таа работа за да има преку леб и погача“, изјави Љубивоје Славковиќ, заменик градоначалник на Ниш.
Поранешниот премиер Мирко Цветковиќ признава дека не е доволно направено во време на неговиот мандат.
„Кога ќе погледнете колку институции се формирани за време на мојата Влада и колкав исчекор сме направиле. Но дали ги има премногу, па еве имате нова Влада веќе две и пол години и таа веројатно го укинала она што го смета за непотребно“, рече Милош Цветковиќ, екс премиер на Србија.
Министерката Кори Удовички смирува. Никој нема да остане без работа до крајот на 2014-та. Ќе се прават анализи и подготовки за реформите во администрацијата. На удар ќе бидат брјните агенции формирани последниве години.
„Нешто е наследено, а не е реформирано. А за некои дури и не знаеме што точно им е функцијата“, рече Кори Удовички, министерка за државна управа и локална самоуправа.
ММФ јавно и препорача на Србија да ги намали платите и пензиите за 10 %, но Владата прави математика дали ќе може намалувањето да го симне на прифатливи за неа 8 посто.
Свето Николовски
