Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси
Најповолниот понудувач има обврска да произведе и да испорача 30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци, а 60 автобуси во рок од 18 месеци...

Министерството за транспорт соопшти дека објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полначи. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините.
Најповолниот понудувач има обврска да произведе и да испорача 30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци, а 60 автобуси во рок од 18 месеци.
Рокот за доставување на потребната документација e до 30-ти март 2026 година.
Според Министерството за транспорт, набавката на електрични еколошки автобуси претставува јасна политичка определба за заштита на животната средина како и подобрување на ефикасноста со јавниот превоз во Скопје и останатите општини. Покрај еколошките придобивки, укажува дека набавката на нови автобуси носи и економска исплатливост на подолг рок со намалени трошоци за одржување и енергија.
