кочани

Денеска нов „Марш на ангелите“

28.02.2026 09:16

Денеска во 15:05 часот ќе се одржи нов „Марш на ангелите“ во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани....

Денеска во 15:05 часот ќе се одржи нов „Марш на ангелите“ во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Ја повикуваме целата јавност да ни се придружи и да даде поддршка на Маршот на ангелите. Маршираме со тивка болка, но со силен глас. Маршираме за оние што не се со нас, а присутни се во секој наш здив. Маршираме затоа што им должиме вистинска правда — не половична, не одложена, не премолчена. Ова не е само марш. Ова е чекор за достоинство. Чекор за вистината да не биде скриена. Чекор за правдата да не остане недостапна. Вашето присуство е сила. Поддршка. Обврска кон нашите ангели. Да покажеме дека болката не нè скршила — туку нè обединила во борбата за она што им следува“, се вели во објавата на „Здружение на граѓани 16-ти Март 2025“.