Временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност
28.02.2026 08:42
По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла.
