САД и Израел го нападнаа Иран
САД и Израел го нападнаа Иран. Иранските државни медиуми известуваат за експлозии на исток и на север, вклучувајќи го и Техеран. Експлозии се слушнале и во населбата каде што се наоѓа високо обезбедениот комплекс во кој е резиденцијата и канцеларијата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи...

САД и Израел го нападнаа Иран. Иранските државни медиуми известуваат за експлозии на исток и на север, вклучувајќи го и Техеран. Експлозии се слушнале и во населбата каде што се наоѓа високо обезбедениот комплекс во кој е резиденцијата и канцеларијата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Нападот го потврди американскиот претседател. Трамп рече дека сад презеле чекори за да го минимизираат ризикот за американскиот персонал во регионот.
Шефот на Белата куќа ја опиша воената кампања како масовна и континуирана, со цел да се спречи земјата да ги загрози сад. Властите во Израел прогласија вонредна состојба низ целата земја, во очекување на иранска одмазда. Најновата ескалација доаѓа откако Трамп со недели се закануваше дека ќе го нападне Иран поради неговата нуклеарна програма, како и поради протестите во кои загинаа илјадници демонстранти.
Индиректни преговори беа во тек меѓу Вашингтон и Техеран околу нуклеарната програма, во услови на пошироко американско воено засилување на Блискиот Исток.
