Општина Радовиш ќе ги ослободува младите од плаќање комунали за изградба на дом
Општина Радовиш ќе ги ослободува младите од плаќање комуналии доколку градат нов дом или извршат доградба на постоечкиот. Станува збор за комуналии од максимум 3.600 евра. Со оваа мерка градоначалникот очекува и поттикнување на локалната економија …

Младите радовишани до 35 години ќе бидат ослободени од плаќање комуналии доколку изградат или доградат нов дом во општината. Ваква одлука донесе Советот која има за цел да им помогне на младите да останат во родните места. Станува збор за комуналии од најмногу 3.600 евра за објект за домување вели градоначалникот Почивалец.
Мерката ќе ја искористат младите што немаат свои домови услов е да не се отуѓи во наредните десет години. Со мерката што ја донесе Општина Радовиш, градоначалникот Почивалец очекува да се раздвижи и стопанството.
Десетина млади брачни парови веќе пројавиле интерес за оваа мерка за да почнат со изградба на свои домови во Општина Радовиш.
Радовиш е првата општина во Југоистокот која донесе одлука за ослободување на младите од плаќање комуналии за изградба или пак доградба на свој дом.
Ване Трајков
