МНР

МНР со апел до македонските државјани во Израел да ги следат упатствата на надлежните институции

28.02.2026 11:20

Министерството објави и СОС контакт-телефони доколку граѓаните имаат потреба од помош, а посочи и дека воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.

Министерството објави и СОС контакт-телефони доколку граѓаните имаат потреба од помош, а посочи и дека воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови.

Предупредувањето доаѓа, откако САД и Израел утринава го нападнаа Иран, по што и израелските одбранбени сили соопштија дека идентификувале ракети лансирани од Иран кон територијата на Израел.