Крива Паланка: Проблемот со добитокот останува, вината се префрла
Добитокот продолжува да шета низ Крива Паланка и да прави пустош. Граѓаните со реакции, трпат значајни штети. Општината и Агенцијата за храна и ветеринарство сè уште со различни ставови …

Институциите ја префрлаат вината за неконтролирано движење на добитокот во Крива Паланка. Проблемот останува. Иако денес ги нема на терен, животните продолжуваат да се движат насекаде. Граѓаните реагираат на штети во полињата, земјоделските култури. Стравуваат и да возат во околината, добитокот се движи и по улиците. Бараат институциите итно да реагираат. Проблемот се провлекува веќе десетина години.
Првиот човек на Крива Паланка повика Агенцијата за храна и ветеринарство да постапи по веќе донесеното решение од пред две години. Добитокот од несовесните одгледувачи да се одземе. Општината со 40 евра казна, рече нема да го реши проблемот.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство на став општината има законска обврска за говедата кои шетаат низ Крива Паланка. Акциите за заловување на животните ќе продолжат.
АХВ со асистенција од МВР реализираше веќе собираше добиток во кривопаланечко. Членови на семејството ги попречуваа во работата, поради што добија и пријави.
За сериозноста на проблемот со добитокот во Крива Паланка, зборува и последниот пример од пред неколку дена. Возило на магистралниот пат удри и усмрти едно животно.
Елена Георгиевска
