ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за домашниот притвор на Артан Груби
Власта и опозицијата и денеска со меѓусебни обвинувања по одредувањето домашен притвор на Артан Груби. СДСМ беше сојузник на криминалот на Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Социјалдемократите со став – случувањата поврзани со поранешниот вицепремиер претставуваат театар кој веќе прераснува во циркус...

Театарот и режираното сценарио со Груби веќе станаа циркус пред очите на целата јавност. Најпрвин домашни безбедносни па странски служби дале проценка за безбедноста на Груби. Недостигаат уште „жолтите комбиња“ за сликата да биде комплетна-велат социјалдемократите.
И додека ВМРО-ДПМНЕ го повикува Обвинителството да ги истражи сите сомнежи кои тие ги изнеле во јавноста, СДСМ по сето од нив кажано велат нема посилна потврда дека сè е договорено и смислено.
Миле А. Ристески
