Уставен суд

Уставен суд реши, седниците ќе се пренесуваат во живо

28.02.2026 15:42

Од 4-ти март, јавноста ќе може да ги следи седниците во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на судот на youtube и facebook. Со воведување на овој модел на транспарентност се отвора ново поглавје во односот меѓу институцијата и граѓаните, велат од Уставен...

Уставниот суд започнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност, отпочнувајќи ја најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење. Од 4-ти март, јавноста ќе може да ги следи седниците во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на судот на youtube и facebook. Со воведување на овој модел на транспарентност се отвора ново поглавје во односот меѓу институцијата и граѓаните, велат од Уставен.

Секој граѓанин ќе може во реално време да види како се водат расправите, кои аргументи се соочуваат во процесот на одлучување, како се гради правното мислење и каква е атмосферата во која се носат одлуките кои се од суштествено значење за правниот поредок. Оваа одлука претставува круна на повеќегодишниот процес на постепено спроведување на програмата за управување со комуникациите, реализирана низ неколку развојни фази, соопштуваат од Уставниот суд