ин мемориам
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
28.02.2026 16:54
Посмртните останки ќе бидат изложени утре 1-ви март во капелата на градските гробишта во Бутел во 11 часот...

По повеќегодишно боледување на 71-годишна возраст денеска почина проф. д-р Владо Јаневски. Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација.
Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре 1-ви март во капелата на градските гробишта во Бутел во 11 часот.
