ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Две години период за прилагодување на земјоделците и сточарите

01.03.2026 14:00

Новите правила за субвенции во земјоделието целосно ќе се применат по две години. По низа средби на министерот за земјоделство и земјоделските здруженија падна договор да се остави простор на дел од земјоделците да се прилагодат на новите критериуми. Одлагање се бара и за обврската за регистрација на земјоделската механизација …

Построги правила за субвенционирање на земјоделието. Повеќе грла добиток и поголема земјоделска површина, како услов за добивање на државна помош. Ресорниот министер вели измените се за да се зголеми продукцијата на храна. Малите земјоделци се најдоа најпогодени со новите критериуми. Земјоделските здруженија се изборија за одложување на примената за две години.

Земјоделците од оваа година имаат обврска и за редовна регистрација на земјоделската механизација. Очекуваат да се одложи и оваа мерка со можност за регистрација и на тракторите без кабина.

Годинава за земјоделците се планирани 98 милиони евра субвенции. До крајот на април надлежните најавија исплата на заостанатите субвенции сточарите и производителите на органска храна за минатата и предминатата година.

Славица Величковска