Иран ја потврди смртта на ајатолахот Али Хамнеи, прогласи 40-дневна жалост во земјата
Иран ја потврди смртта на ајатолахот Али Хамнеи по масовниот американско-израелски напад и прогласи 40-дневна жалост во земјата. Во меѓувреме Иран продолжи со жестоки одмазднички гранатирања. Од изутрината експлозии се слушаат во Доха, Баха и Дубаи...

Иран ја потврди смртта на ајатолахот Али Хамнеи по масовниот американско-израелски напад и прогласи 40-дневна жалост во земјата. Во меѓувреме Иран продолжи со жестоки одмазднички гранатирања. Од изутрината експлозии се слушаат во Доха и Дубаи.
Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Техеран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел во спротивно се закани дека ќе удрат со сила каква што никогаш претходно не била видена.
Вчерашните американско-израелски напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство при што беа убиени највисоките функционери вклучувајќи го и иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана како и шефот на корпусот на исламската револуционерна гарда.
Во нападите загинаа повеќе од 200 луѓе, според извештајот на Црвената полумесечина.
